Бадел 1862 го потврди врвниот квалитет на престижен натпревар во Лондон

Водката Svarog доби сребрен медал на Меѓународниот наптревар на вина и жестоки пијалоци

И покрај фактот што е пласирана на пазарот пред неполни три месеци, Svarog водката на Бадел го освои второто место на престижното светско натпреварување International wine & spirit competition (IWSC 2012) во Лондон. Ова високо признание е потврда за квалитетот и стратешкото вложување во производните процеси од страна на Бадел 1862.

IWSC е еден од најголемите светски натпревари за оценување на квалитетот на алкохолните пијалоци, а оваа година се одржа во Лондон. Самиот натпревар се одржува од 1969 година и е единствен од ваков тип во светот, а се смета за еден од најригорозните бидејќи освен самите органолептички својства кои ги оценуваат најголемите светски стручњаци во подрачјето преку пробување на слепо („blind tasting“), секој поединечен примерок се праќа и на хемиска анализа, со цел да се приберат податоци за чистотата на тестираниот производ.

На IWSC натпреварот оваа година учествуваа производители од 90 земји од светот, а конкуренцијата ја сочинуваа речиси сите позначајни производители на алкохолни пијалоци во светот. Svarog водка го освои сребрениот медал, што воедно е и најголемото признание кое е доделено на една хрватска водка, а исто така е и едно од најголемите признанија за хрватските алкохолни пијалоци, воопшто.

Покрај сребрен медал за својот нов бренд Svarog, Бадел 1862 од овој престижен натпревар во Лондон си замина и со освоени бронзени медали за популарните Badel Pelinkovac и Badel Stara Šljivovica.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

*