Badel Pelinkovac номиниран за најкомпанија на Твитер

Уште од самиот старт на нашата страница на твитер – @PelinkovacMK наидовме на извонреден пречек од македонската Твитер заедница. После само неколку месеци меѓусебна дружба со шармантните македонски твитерџии, добивме номинација за најкомпанија на Twitter!

Блогерските и твитерџски награди се во организација на blogirame, македонски агрегатор на блогови и опфаќаат повеќе од 20 категории, меѓу кои највлијателен твитерџија/ка, најдобар блог, најсекси блогер/ка, најдобар твит во 2012 итн. PelinkovacMK е номиниран во категоријата Најкомпанија/организација на Твитер во конкуренција со повеќе компании, невладини организации и иницијативи. Победниците ќе се изберат по пат на гласање, а официјалното врачување на наградите ќе се случи во петок вечер, во Клуб Ресторанот МКЦ.

Исходот од гласањето не е познат, но ние секако ветуваме уште поголема блискост со македонските твитерџии во иднина! 🙂

3 thoughts on “Badel Pelinkovac номиниран за најкомпанија на Твитер

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

*