Баделова Средба 2017

Минатата година одбележавме јубилеј со кој заокруживме 25 години постоење на Бадел 1862 Скопје. На традиционалната годишна средба со нашите соработници наздравивме за успесите и предизвиците со кои се соочивме и кои ни дадоа сили да продолжиме напред.   

Оваа година традицијата ја продолжуваме во прегратката на живописната природа на националниот парк Маврово.

Заедно со сите пријатели на Бадел 1862 Скопје ќе ги кренеме чашите во чест на срдечната комуникација и соработка со која успеваме нашите корисници да ги направиме среќни.

Ќе наздравиме и за нашата нова веб страна со која нашите производи ќе им ги доближиме на корисниците на интуитивен и забавен начин.

Овогодишната седбата ја закажуваме на 08.06.2017, во ресторанот Кораб Трница.

Следете нè и очекувајте фотографии со кои ќе ви ја пренесеме атмосферата од веселата средба.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

*