Blueberry Daiquiri – вкусен коктел со Badel Borovnica

Неодамна на наше големо задоволство ве запознавме со еден наш нов производ – Badel Borovnica, ликер направен од црвено вино и опојна боровница, со полн и богат овошен вкус и мирис.

Се надеваме дека веќе го пробавте и дека го вклучивте во листата на омилени пијалаци.

А што кога ќе ви кажеме дека не само што совршено одговара со десерти и слатки закуски, туку е совршена состојка и за коктели? За да се релаксирате од понеделничкиот притисок, за денес ви го предлагаме Blueberry Daiquiri!

Blueberry Daiquiri

Состојки

  • 6cl Key Rum
  • 6cl Badel Borovnica
  • 1,5cl сок од лимон
  • 1cl сируп од ванила
  • 1cl вода
  • Боровинки
  • Коцки мраз

Подготовка

Во шејкер ставаме коцки мраз. Потоа ги додаваме сите состојки и протресуваме добро. Го процедуваме коктелот и го сипуваме во чаша за маргарита или мартини. Декорираме со боровинки.

Послужуваме и уживаме 🙂

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

*