Чоколаден колач со Badel Prima Brand

Кога вкусовите на две големи задоволства ќе се спојат, се случува експлозија од уживање 🙂

За денес ви предлагаме да се опуштите со неверојатната комбинација на чоколадо и коњак. Овој колач се подготвува многу брзо и едноставно.

Колач со Badel Brand

Состојки:

  • 250гр брашно
  • 240гр мармалад од кајсии
  • 200гр чоколадо за готвење, исечкано
  • 3 супени лажици Badel Prima Brand
  • 100гр несолен путер
  • 3 јајца
  • 175гр шеќер
  • 1 кафена лажичка рендана кора од лимон
  • Какао прав

Подготовка:

Ја вклучуваме рерната да се загрее на 180°. Тава за печење во форма на квадрат или правоаголник ја покриваме одозгора со хартија печење.

Во сад ги ставаме мармаладот од кајсии и две супени лажици од коњакот. Го покриваме садот со фолија и го оставаме на страна.

Во тава ги ставаме чоколадото и путерот заедно и ги топиме на пареа. Откако ќе се стопат, ја тргаме тавата на страна.

Во друг сад ги ставаме јајцата, шеќерот и кората од лимон. Ги мешаме со миксер дури добиеме светла смеса како крем. Потоа ги додаваме стопеното чоколадо и путерот, мешаме и на крај го додаваме брашното. Откако ќе добиеме хомогена смеса, ја додаваме и третата лажица коњак.

Смесата ја ставаме во тавата за печење и печеме околу 30-35 минути. Откако ќе се испече, ја оставаме десетина минути во тавата да се олади. Потоа ја вадиме и ја сечеме смесата на два еднакви дела. Едниот дел одозгора го премачкуваме со филот од мармалад и коњак. Потоа врз него го ставаме вториот дел од тортата. Попрскуваме одозгора со како во прав или пак со рендано чоколадо – по желба. Сечеме парчиња во форма на коцка и послужуваме заедно со чаша Badel Brand 🙂

Пријатно уживање!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

*