Каква сезона!

shampioni2014-5 - 1
Сезонава е навистина една од најдобрите во нашата клубска историја!

Кошаркарките на Бадел 1862 вчера ја освоија двојната круна во македонската кошарка, придодавајќи го шампионскиот трофеј на пехарот во Купот. „Баделки“ вчера ја совладаа екипата на МНА со 66-53 во Кавадарци и стигнаа до втор триумф во финалната серија, практично завршувајќи ја целата сезона без пораз.

Освен тоа, Анџелика Митрашиновиќ со 16 поени беше најпрецизна на натпреварот, а го доби и признанието за МВП – играч на финалето.

Ако на ова се додаде и нашето дебитирање во Јадранската лига, како и наградите кои ги добивме за минатата година за најдобра македонска кошаркарка, најдобар македонски тренер во сениорска и младинска женска конкуренција, како и специјалното признание за промоција и успешно претставување на меѓународни натпреварувања, лесно е да се заклучи дека оваа година беше златна во секој поглед!

Се гледаме наредната година со уште повеќе успеси!

Leave a Reply

Your email address will not be published.

*