Незаменливата ракија

MAE_4370

Во секоја кафана, на секоја слава, за гости и пријатели… ракијата е толку сеприсутна на Балканот, па некои ја нарекуваат и „балканска водка“.

Многу малку се знае за историјата на овој магичен пијалок, но се смета дека дошол во овие краишта за време на Отоманската империја. Некои извори известуваат дека Словените пиеле ракија пред одбраната на некој град за да станат „непобедливи“.

Практично од секакво овошје може да се направи ракија, но во Македонија е вообичаена лозовата ракија, додека пак во Хрватска најчеста е сливовата и крушковата ракија „вилјамовка“.

Ракијата обично се конзумира во друштво и секогаш со мезе. Не се препорачува пиење ракија „на голо“, т.е. без мезе или само со вода. Како мезе најчесто се користат разни зеленчукови салати (традиционално тоа е шопската салата), иако во Далмација, Црна Гора и Србија неретко како мезе се користат и месни или сувомесни производи (најчесто пршута).

Пролетта е совршена за консумирање ракијата. Во нашата палета имаме повеќе одлични ракии кои може да ги пробате.

  • Бадел Хрватска Стара Шљивовица – Бадел Хрватска Стара Шљивовица е најпозната ракија на Бадел 1862. Се произведува со дестилат на домашна слива бистрица, но по некоја тајна на нејзиното правење, чување и отстојување ја прават Бадел Стара сливовица единствен пијалок кој се пие во секоја прилика.
  • Бадел Вилијамс е овошна ракија од крушка вилијамовка, најпозната сорта на крушка чиј мирис и вкус се сочувува со внимателно дестилирање.
  • Мераклиска – природна жолта лозова ракија, која повеќепати го поминува својот пат до совршенството низ 20 метарската колона во дестилеријата на саат кулата на винарската визба Имако Вино за да овозможи премиум вкус за Ваше уживање.

На здравје!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

*