Нов Баделов коктел – Badel Fire

Пролетта е идеален период да се пробаат нови вкусови. Нашата потрага по совршени комбинации на состојки за нови и уникатни коктели е во полн ек.

Откако го споделивме со вас рецептот за совршена Пина Колада, на ред дојде еден експеримент. Се одлучивме да направиме комбинација на состојки која до сега не е позната на светот.

Па така, дојдовме до коктел кој со својата боја и арома плени уште на прва средба. Вкусот на овој коктел на задоволството му дава сосема нова димензија. Совршено одговара за секаков вид прослави, собиранки, здравици… Специфичниот начин на послужување ќе ве освои за цел живот. Верувајте, нема ни да помислите на друг коктел откако ќе го пробате!

Без одолговлекување, со огромно задоволство во го претставуваме Badel Fire 🙂

BadelFire

Состојки: (за подготовка на 18,62л)

  • 15cl Vigor Vodka Classic
  • 20cl Sax Gin Dry
  • 15cl Бадел Домашен
  • 20cl Badel Prima Brand
  • 10cl Цезар
  • 15cl Benedetto Vermouth
  • 5cl Pelinkovac Gorki
  • 5cl Mentol ликер
  • 5cl Badel Cherry
  • 30cl Römer Krönung
  • 46cl Stock Crema 84
  • 3kg коцки мраз

Подготовка:

Мразот го ставаме во големо тенџере. Најубаво е тоа да биде тенџере за правење ајвар. Потоа, состојките една по една ги ставаме во тенџерето и со голема дрвена лажица мешаме убаво. Откако ќе ги ставиме сите состојки, го оставаме коктелот 15-20 минути.

Во меѓувреме ги подготвуваме садовите за послужување. Се користат средно високи тегли. Прво во секоја тегла сипуваме отприлика еден прст од Stock Crema 84. Потоа сипуваме од коктелот. На крајот декорираме со гранче од лавандa.

Послужуваме и наздравуваме. Специфичноста на овој коктел наложува тој да биде проследен и со посебна здравица. За овој коктел најсоодветна здравица е: АПРИЛИЛИЛИ! 😀

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

*