Основна коктел терминологија

cocktail-2164117_960_720

Кога порачувате пијалок, сакате да знаете што е. Не сите пијалоци доаѓаат со уреден опис, така што добро е да се знае основна терминологија кога се порачува.

Аперитиви и дижестиви

Во подобрите локали и ресторани постои ваква поделба во менито. Аперитивот треба да се послужи пред оброкот за да го стимулира апетитот и обично доаѓа во мала количина. Чест аперитиви низ Европа се вермутот, виното, шампањското, ракијата.

Дижестивот, пак, обратно, е наменет да се пие по оброкот, за да помогне во дигестијата и најчесто е чист алкохол. Лимончелото и брендито, како и битерите се некои од вообичаените дижестиви.

Fizz

Fizz е било кој алкохолен пијалок кој во себе има и газирана вода и кисел сок како на пример лимон или лимета.

Пунч

Пунчот е често присутен на забавите, во вид на огромен полн сад на средината на масата. Најчесто се прават со рум, но има и други видови алкохоли во нив. Во нив, освен алкохол, има еден куп мраз, овошен сок, а често и парчиња алкохол.

Мартини, Маргарити, Даикири

Порано ова биле називи на специфични коктели, но денес се однесуваат на цели категории на коктели. Мартинито содржи водка (или џин) – но потоа може да се додадат вкусови, а и да се добие и замрзната верзија. Основната состојка на маргаритата е текила. Текилата може да варира, а исто така и останатите состојки. Даикири секогаш содржи рум. Речиси секогаш доаѓа во замрзната форма и со сите можни овошни вкусови.

Virgin

Virgin е име за неалкохолен коктел. Често потценети, ваквите коктели можат навистина да изненадат со вкусот, доколку се добро подготвени.

 

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

*