Pelinkovac мафини

Од вкусни благи задоволства никогаш не нѝ е доста! Затоа постојано сме во потрага на феноменални комбинации на најдобрите рецепти за благи нешта со нашите врвни пијалаци. Се ближи продолжен празничен викенд.

За да ви го олесниме изборот на благо за празничната трпеза, или за секојдневната трпеза, денес споделуваме со вас одличен рецепт за благи колачиња засилени со вкусот на Pelinkovac Gorki, Pelinkovac Orange или Pelinkovac Antique – изборот е ваш 🙂

Pelinkovac Мафини

Состојки:

  • 250gr брашно
  • 200gr шеќер
  • 250gr путер – несолен
  • 4 јајца
  • 100ml Pelinkovac – Gorki, Antique или Orange
  • 3 лажици пециво
  • половина кафена лажичка сода бикарбонат за готвење
  • 1 кесичка ванилин шеќер
  • 1 кафена лажичка цимет
  • 1 кафена лажичка како во прав
  • 3 лажици чоколадни трошки

Подготовка

Во поголем сад го ставаме брашното, пецивото, сода бикарбонатот, чоколадните трошки, циметот и какаото, ги промешуваме и ги ставаме на страна.

Во друг сад го ставаме претходно истопениот путер заедно со шеќерот и мешаме. Во нив потоа ги додаваме постепено јајцата и ванилин шеќер. Откако ќе се изедначи смесата додаваме Pelinkovac. Мешаме и постепено ја додаваме смесата со брашното и мешаме убаво.

Откако ќе добиеме убава, хомогена смеса ги пополнуваме калапите за мафини. Калапите ги полниме најмногу до две третини, бидејќи треба да оставиме простор да нараснат при печењето. Печеме на 250° околу 30 минути. Со дрвена чепкалка за заби проверуваме кога се целосно печени. Ги вадиме, оставаме да се оладат и одозгора декорираме со кокос, ореви, чоколаден прелив или прелив од слатко – изборот е по вкус и желба.

Pelinkovac мафини

Послужуваме со чаша Pelinkovac 🙂

На здравје!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

*