Пелинковац едукација

ПЕЛИНКОВЕЦ-СЛАТКИОТ ВКУС НА ГОРКИТЕ БИЛКИ

Најдоброто од билниот свет – тоа е слоган на најстариот и најпознатиот хрватски растителен ликер, Badel Pelinkovac. Тој е воедно и најпродаваниот ваков ликер во Република Хрватска, и најпродаван производ од групата ликери на Бадел 1862.

Оние кои ја имале можноста да го пробаат овој ликер, можеле и да ја вкусат мешавината на традиција, квалитет и иновација.

Баделовиот Пелинковец е традиционален пијалок, со кој уште во далечната 1862г, основачот на денешниот Бадел 1862 – Фрањо Покорни, се стекнал со светска слава. Тој, со својата единствена рецептура на база на лековитата билка пелин (Artemisia Absinthium), креирал врвен ликер кој во краток рок освоил бројни признанија и награди.

Уште во 1867.г ја добива првата награда за квалитет во Париз. Следеле наградите во Лондон и Виена во 1873.г, па златниот медал во Унгарија.

Освен сите значајни европски метрополи, Фрањо Покорни го снабдувал и царскиот двор на Наполеон Трети. Од 1910.г неговата фабрика гордо го носи називот “кралски дворски добавувач”, добиен од Австро-Унгарската монархија.

Благодарение на пелинот – со векови познатата лековита билка која ја чисти крвта и помага при проблемите со желудникот, и докажаниот квалитет, денешниот Бадел Пелинковац е лидер на пазарот на горки ликери.

Амбалажата на Пелинковецот се развивала и менувала низ децениите. Својот денешен облик Бадел Пелинковец го доби во 1997г., кога е и развиен оригиналниот облик на шишето кој го респектира богатото историско наследство на компанијата.

Баделовиот Пелинковец и денес се произведува со традиционална постапка на мацерација(технолошка постапка на екстрахирање на состојките на ароматските билки, овошје или плодови, во дестилат или етил алкохол на собна температура), со која одбраните лековити билки, во кои доминира пелинот, се потопуваат во основната течност. При повеќенеделното одлежување билките ги пренесуваат своите највредни својства и го креираат специфичниот вкус и мирис на Бадел Пелинковец. Дел од мацератот се дестилира во традиционални бакарни котли, а конечниот производ се добива со купажа на дестилатот и мацератот. Оригиналната рецептура и традиционалниот природен метод на подготвување го издвојуваат овој Пелинковец од останатите билни ликери.

Оваа историја на Баделовиот Пелинковец беше презентирана на дводневната едукација одржана во Скопје и во Битола, каде што освен едукативниот дел, на присутните им беше овозможена дегустација на Пелинковец сервиран на повеќе начини.

Вистинско пријатно сетилно изненадување предизвика претставувањето и дегустацијата на Бадел Антик Пелинковецот (Badel Antique Pelinkovac), премиум верзија на ликерот,со ограничено производство и единствен сериски број, кој со својата префинетост во изгледот и вкусот никого не остави рамнодушен.

Силната,препознатлива арома на Пелинковецот овозможува во него подеднакво лесно да се ужива и како аперитив и како дигестив, разладен или со коцки мраз, чист или со парче лимон и цеден сок од портокал, за смирување и опуштање, во секое време од денот и за секоја прилика.

Уживајте во неговата темна боја,сензуалниот мирис и заводливиот вкус.

Врати се горе

Овој текст беше постиран во Sponzorstva.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

*

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>