Пет работи што не сте ги знаеле за џинот

Дали сте љубители на џин? Сте се запрашале ли некогаш зошто џинот е така освежителен и необичен пијалок?

Можеби токму овие пет факти ќе ви го направат овој пијалок уште поинтересен:

1. Џинот е зимзелен

Вкусот на џинот се добива од ‘боровинки’, односно плодови на зимзеленото дрво клека (Juniperus communis), што е слично на смреката. Тие се мелат и се додаваат на алкохолниот дестилат, заедно со мали додатоци на други растенија кои додаваат дополнителен ‘шмек’ на џинот и по кој различните марки џинови се разликуваат меѓусебно.

Кои точно растенија се користат е секогаш тајна, но списокот е огромен: корки од лимон и портокал, анасон, корен и семиња на ангелика, корен од перуника, корен од сладунец, цимет, кубеб, чубрица, корка од лимета и грејпфрут, лонган, шафран, баобаб, темјан, коријандер, мадагаскарски афрамон, индиско оревче, кинески цимет…

2. Џинот потекнува од Холандија

Иако џинот се смета за национален англиски пијалок, неговото потекло е од Холандија. За татко на џинот се смета Франциск Силвиус, холандски лекар од 17 век, по што пијалокот се нашол во холандските аптеки.

Англичаните го откриле војувајќи со Шпанците на територијата на денешните ‘ниски земји’, и го нарекувале ‘холандска храброст’. На холандски, името на клеката е genever, од каде џинот го добива името. Во Хаселт, Белгија, постои и Национален музеј на џинот.

3. Џинот може да се користи во медицински цели

Уште од самите почетоци, џинот се користел за како лек против бубрежни и стомачни заболувања, лумбаго и гихт. Британската кралска морнарица го мешала џинот со зелен лимон за да спречи појава на скорбут кај морнарите.

Во Индија, џинот се мешал со тоник кој содржел кинин, добро познат лек против маларија. Така, всушност, настанал популарниот џин-тоник.

4. Џинот е наменет за коктели

Џинот, во принцип, не се пие чист. Тој е одлична состојка за коктели, бидејќи што допир со другите пијалоци доаѓаат до израз неговите растителни ароми. Постојат еден куп класични коктели со џин: Tom Collins, White Lady, Hanky Panky, Clover Club, Alexander, French 75, Gimlet, Vesper, Singapore Sling, Silver Bronx, Pegu Club, Bee’s Knees, Southside, Negroni…

5. Најмногу џин се пие на Филипините

Глобалната продажба на џин изнесува скоро 60 милиони кутии, а речиси половина од тоа количество се консумира на Филипините. Останати земји каде џинот е популарен се: Велика Британија, САД, Шпанија и други.

Во Македонија, најпопуларен џин е Sax Dry Gin.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

*