Попладневно релаксирање со Badel Prima Brand Cheesecake

Есента може да биде прекрасна. Eсенските попладневни часови можеме дополнително да ги разведриме со вкусот на Badel Prima Brand Cheesecake. Се подготвува можне лесно и брзо. Вкусот со сигурност ќе ги растера сивите облаци и ќе ве опушти.

Badel Prima Brand Cheesecake

Состојки:

  • 150грама крем сирење
  • 120 грама џем од кајсии
  • 2 јајца
  • 2 жолчки од јајца
  • 2 белки од јајца
  • 3 супени лажици пченкарно брачно
  • 3 супени лажици Badel Prima Brand
  • 1 кафена лажица масло
  • 3 супени лажици карамел сос

Подготовка:

Го процедуваме крем сирењето, да нема воопшто течност во него. Во друг сад ги ставаме јајцата со двете жолчки, матиме убаво и ги додаваме крем сирењето, џемот од кајсии, пченкарното брашно и Badel Prima Brand. Мешаме убаво дури не добиеме хомогена смеса. Во посебен сад ги матиме двете белки. Во модла за печење колач основата ја подмачкуваме со масло и од страните на модлата ставаме хартија за печење. Потота внимателно ја додаваме смесата и одозгора ја ставаме смесата од двете белки. Оставаме да се испече на средна темепратура (180°) 10тина минути. Потоа ја вадиме и ја оставаме да се олади. Откако ќе се олади, сечеме парчиња и ги ставаме во чинија.

Си сипуваме Badel Prima Brand и уживаме комплетно. 🙂

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

*