Популарните пијалоци од филмовите

Неодамна ги споделивме омилените пијалоци на холивудските ѕвезди и на великаните од уметноста и литературата. Сигурно фактот дека Френк Синатра уживал во мартини влијалел врз популарноста на самиот пијалок. Сепак, кога некој пијалок се поврзува со филмски хит, тогаш на популарноста ѝ нема крај.

Денес споделуваме пијалоци кои станале популарни преку филмското платно и карактерите кои ги пиеле.

  • Old Fashioned – Брилијантниот Дон Дрејпер од Mad Man нема да го забележите без Old Fashioned во рака.
  • White Russian – Мега хитот на Браќата Коен The Big Lebowski ја отвара врата на славата за овој водка коктел.
  • Gin Gimlet – The Long Goodbye и Филип Марлоу го претставуваат популарниот коктел од џин.
  • Mint Julep – Нежната Дејзи Бјукенен од The Great Gatsby своите љубовни јадови ги надминува со Mint Julep.
  • Vesper Martini – Џејмс Бонд во филмот Casino Royale својата заводливост ја надполнува со нов мартини коктел.
  • Red Eye – Во хитот од 80тите Cocktail заводникот Брајан Фланаган најмногу ужива во коктелот од водка, сок од домати и пиво.
  • Cosmopolitan – Нема девојка која барем еднаш не го пробала овој коктел поради популарноста која му ја донесе Кери Бредшо од Sex and The City.
  • Gin Rickey – Бил омилен пијалок на Jay Gatsby од The Great Gatsby, па многумина чиј идол беше токму тој, почнаа да го пијат овој коктел.
  • Banana Daquiri – Во култниот The Godfather: Part 2 Фредо Корлеоне постојано е во придружба на овој коктел.
  • White Angel – Холи Голајтли во романтичната приказна Breakfast at Tiffany’s ужива во White Angel, кој брзо потоа станува еден најбараните коктели во САД.
  • Аlaskan Polar Bear Heater – Професорот Бади Лав и во двата дела на The Nutty Professor го прославува уникатниот коктел од водка, рум, вермут, џин, бренди и виски.

Кој пијалок станал ваш омилен откако сте го виделе на филм или ТВ серија?

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

*