Што е специфична густина на пијалоците?

Сигурно сте забележале некој прекрасен коктел со повеќе слоеви, и сте се прашувале која е тајната на овие шарени пијалоци, кои се подеднакво добри и на вкус, и на изглед.

Се работи за мерката наречена специфична густина на пијалоците која определува каде ќе се најде пијалокот во еден повеќеслоен коктел – најтешките паѓаат на дното, а најлесните се качуваат најгоре. Општо правило е дека колку е поголема разликата меѓу густината на два слоја, толку е полесно да се раздвојат слоевите за да не се мешаат меѓусебно.

Во продолжение следува листа на жестоки пијалоци, ликери и сирупи кои најчесто се користат за да се постигне ефектот на повеќе слоеви (од најтешки до најлесни):

  • Ликер од црна рибизла – 1.18
  • Гренадин – 1.18
  • Анасонка – 1.175
  • Ликер од банана – 1.14
  • Ликер од какао – 1.14
  • Ликер од кафе – 1.13
  • Ликер од ментол – 1.12
  • Ликер од јагода – 1.12
  • Blue Curacao – 1.11
  • Stock Amaretto – 1.1
  • Ликер од капина – 1.1
  • Ликер од праска – 1.09
  • Tia Maria – 1.09
  • Triple Sec– 1.09
  • Campari – 1.06
  • Бренди од кајсија – 1.06
  • Шери бренди – 1.06
  • Жолт шартруз – 1.06
  • Bailey’s Irish Cream– 1.05
  • Ликер од диња – 1.05
  • Виски од рж – 1.05
  • Бенедиктин – 1.04
  • Бренди – 1.04
  • Куантро – 1.04
  • Кумел – 1.04
  • Ликер од праска – 1.04
  • Зелен шартруз– 1.01
  • Вода – 1
  • Tuaca– 0.98
  • Southern Comfort– 0.97