Совети за нискокалорични коктели

cocktail-380741_640

Оние што внимаваат на линијата веројатно знаат дека алкохолот содржи многу калории. Прашањето е: може ли некој на диета да ужива во коктелите? Одговорот е да! Но, како и секогаш, умереноста е клучна.

Еве неколку совети за да пиете коктели кои (речиси) нема да ви предизвикуваат грижа на совеста доколку сте на диета:

1. Секогаш кога е можно користете бели алкохоли.

Интересно, но алкохолот сам по себе не е најголемата опасност по вашата линија. Во просек, коктелите содржат околу 4 – 6 cl алкохол. Ова е помалку калории од 0,5 l пиво, кое содржи околу 200 калории. Сепак, добро е да се знае дека белите алкохоли се помалку калорични од кафените.

2. Користете помалку состојки.

Комплексните коктели содржат многу состојки, како на пример, шеќери и сирупи, кои пак се висококалорични. Доколку сте на диета, избирајте едноставни коктели, како мартини.

3. Коктелите правете ги сами.

Коктелите кои ви ги направил некој друг, веројатно содржат многу шеќери. Особено ако се користат индустриски произведени мешавини кои имаат вештачки бои. Затоа, доколку сте во прилика, сами изберете си ги состојките.

4. Користете многу мраз.

Коктелите со многу мраз, односно вода го забрзуваат метаболизмот. Освен тоа, водата од мразот ги заменува другите состојки кои би се додале за да се пополни чашата.

Ви посакуваме пријатно и безгрижно уживање во вашиот коктел!

 

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

*