Специфично вкусни Бадел Прима Бренд Коктели

Бадел Прима Бренд, најпознатиот производ на Бадел 1862, е спој на високо квалитетен вински дестилат и одбран алкохол со врвен квалитет. Токму таа комбинација ја дава бистрата боја, со златно кафени нијанси.

Вкусот е уникатен и неповторлив, и поради тоа најчесто се ужива чист, само со неколку коцки лед.

Но, врвните познавачи на Бадел Прима Бренд знаат да го искомбинираат и со други состојки, и да ве послужат со специфично вкусно Бадел Прима Бренд коктели.

Го имаме задоволството денес со вас да споделиме три коктели, идеални за секоја пригодa.

Sidecar

Состојки: 30ml Бадел Прима Бренд 30ml Triple Sec 30ml Pago сок лимон-лимета Лед

Подготовка: Сите состојки се ставаат во шејкер. Се протресуваат убаво и потоа се сипуваат во чаша.

Stinger

Состојки: 30ml Бадел Прима Бренд 30ml Бел крем од ментол Лед

Подготовка: Во мала чаша се става лед. Прво се сипува Бадел Прима Бренд, а потоа и кремот од ментол. Се промешува и веќе е готов за послужување.

Brandy Alexander

Состојки: 30ml Бадел Прима Бренд 30ml Темен крем од какао 30ml обичен крем Лед

Подготовка: Сите состојки се ставаат во шејкер. Се протресуваат убаво. Потоа коктелот се сипува во висока чаша и одозгора се попрашува мелено морско оревче.

 

Бадел Прима Бренд – уникатен пијалок кој дава уникатни коктели. Уживајте 🙂

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

*