Svarog со нова награда на IWSC

Најпрестижниот натпревар за најдобрите вина и алкохолни пијалоци International Wine and Spirit Competition (IWSC) се одржа на крајот јули по 48-ми пат, а Бадел 1862 и оваа година доби бројни награди за квалитетот на своите реномирани производи кои во светот имаат одлични оценки. Пријавите за овој натпревар стигнуваат од речиси 90 земји ширум светот, а секој примерок се оценува според видот на својата класа која ја оценуваат 400 глобални експерти во процес кој трае 7 месеци.

Освен ракиите и ликерите Корлат, нашата премиум водка Svarog доби Silver outstanding награда во категоријата водки со врвен квалитет. Svarog е трикратно дестилирана водка која е произведена од врвни состојки со изворски чиста хрватска вода и најдобри методи на филтрација. Водката доби и ново, редизајнирано пакување.

Во моментов, водката може да ја пробате и да бидете наградени со летување на Лефкада на некој од Svarog настаните ова лето.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

*