Те бива за коктели? Пријави се веднаш на Vigor Barmen Cup 2017

Тој што рекол дека коктелите се лесни за подготовка, очигледно никогаш не подготвил ниту еден, или пак не учествувал на Vigor Barmen Cup 🙂

Веќе најавивме дека 4 октомври е резервиран за Vigor Barmen Cup 2017, најголемиот натпревар во подготвување коктели во Македонија. Строгоста, принципиелноста и објективноста на судиите кои ги оценуваат коктелите и нивните мајстори се добро познати во коктел-круговите во Македонија, и токму затоа да се добие титулата Најдобар коктел мајстор не е само престиж, туку и големо признание за стручноста и мајсторлакот на победникот.

Но, Vigor Barmen Cup не е само натпревар. На Vigor Barmen Cup се склучуваат нови пријателства, се разменуваат неверојатни искуства, се учи и дознава нешто ново од светот на коктелите, се создава искрено позитивна атмосфера во која подеднакво уживаат и натпреварувачите и публиката.

Без разлика дали си почетник или напреден коктел мајстор, пријави се на Vigor Barmen Cup 2017 и здобиј се со уште едно незаборавно искуство.

Смисли го уникатниот рецепт за коктел и пријави се на следниот линк. Не заборавај да ги прочиташ и правилата за учество, како и целосната листа на пијалаци кои ќе ти бидат на располагање за подготовка на победничкиот коктел.

А сите оние кои сакаат да ја збогатат атмосферата на Vigor Barmen Cup, ги чекаме на 4 октомври во фантастичниот кафе бар Министерство во Куманово.

Се гледаме на Vigor Barmen Cup 2017!

P.S. Дојдете на време за да си обезбедите подобро место за гледање и уживање во коктелите 🙂

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

*