Вкусно водкасто задоволство

Нема ништо поубаво од вкусен оброк после долг, напорен ден.

На денешното мени имаме ја имаме добитната комбинација: макарони со крем сос со Vigor Vodka – гурманско уживање кое се подготвува многу лесно и брзо.

Состојки:

  • 5 ½ чаши сос од домати
  • 1/4 чаша Vigor Vodka Classic
  • 1/3 чаша ситно сецкан босилек
  • 1/4 лажичка мелен црвен бибер
  • 1/2 чаша павлака
  • 9 чаши макарони, средна големина
  • кромид
  • лук
  • пармезан

Време на подготовка: 15 минути

Подготовка:

Макароните ги ставаме да се сварат во вода со масло и сол. Откако ќе се сварат ги процедуваме убаво и ги ставаме во сув сад.

Во тава за подготвување сос ги ставаме сосот од домати, водката, босилекот, кромидот, лукот и биберот. Ги оставаме на оган сè дури сосот не почне да зоврива. Штом почне да зоврива, го тргаме од оган и во него ја додаваме павлаката. Промешуваме убаво.

Макароните ги ставаме во чинија за сервирање и полека го истураме сосот врз нив. На крај поросуваме одозгора со пармезан и декорираме со ливчиња босилек.

Пријатно јадење и уживање! 🙂

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

*