Во што е умешноста на еден топ коктел мајстор – дел 1

Веќе го најавивме најголемиот натпревар за подготвување на коктели VIGOR BARMEN CUP ’17, кој ќе се одржи на 4 октомври во кафе барот Министерство, Куманово. Иако има повеќе од 10 дена до настанот, кај нас веќе расте возбудата дека ќе гледаме врвни мајстории во подготовка на коктели.

Деветта година по ред ќе се бира најдобар бармен и коктел-мајстор. Изминатите натпревари оставија зад себе убави спомени, вкусни коктели и нови начини и вештини за подготовка на коктелите.

Со цел да ве поттикнеме да се вклучите во натпреварот и со леснотија да се покажете во најдобро светло, денес издвојуваме дел од вештините кои на изминатите натпревари се покажаа како најбитни за стекнување на титулата Најдобар Коктел-Мајстор!

Читајте внимателно:

  1. Протресување и процедување – протресувањето е техника со која се комбинираат состојките на коктелот. При протресување се користи коктел-шејкер, во кој освен состојките има и мраз кој ги лади. Умешноста е да се почувствува точниот момент кога коктелот е доволно протресен, промешан и оладен. Потоа, коктелот се процедува. Целта е да се отстранат состојките кои понатаму не се потребни, како на пример парчиња овошје.
  1. Матење – ова е една од основните потребни вештини, но не секој може да го направи на вистинскиот начин. Матењето најчесто се применува при подготовка на коктели кои се комбинација од чисти алкохолни пијалоци и ликери. Секој ликер си има свој метод на матење, а умешниот коктел-мајстор го знае вистинскиот метод за матење и комбинирање.

  2. Сипување – Секој може да сипе пијалок, нели? Но, умешниот коктел-мајстор сипувањето на коктелот го прави многу брзо, без да истури на страна, и во исто време успева да одреди колку треба да ја сипе во чашите, за во сите да има еднаква количина од коктелот.

  3. Мешање со блендер – Одредени пијалоци треба да се промешаат во блендер. Коктел-мајсторот треба да знае точно кој пијалок кога треба да се меша и колку време е потребно за да биде убаво измешан. Мешањето со блендер се применува кога за коктелот е потребно да се измешаат состојки како ликер и парчиња овошје за да се добие привлечен хомоген коктел.

Ве копка кои се останатите вештини? Следете го нашиот блог и ќе ги дознаете наскоро. Во меѓувреме ве охрабруваме да ги повежбате и мајсторски да ги совладате горенаведените вештини.

А ако веќе се сметате за подготвени, пријавете се за VBC 2015!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

*