Во што е умешноста на еден топ коктел мајстор – дел 2

Вчера откривме неколку вештини, карактеристични за еден топ коктел-мајстор. Доколку ги совладавте тие, денес ви поставуваме нов предизвик. Ви ги претставуваме останатите вештини, кои не само што ќе ве направат популарен коктел-мајстор, туку може и да ви ја донесат титулата Најдобар Коктел-Мајстор на овогодинешниот VIGOR BARMEN CUP ’17. Повторно, читајте внимателно:

  1. Палење – Една од најтешките вештини, која бара голема внимателност, е вештината за палење на коктелот. Добар дел од ликерите кои се користат како состојка, имат висок процент на алкохол и може да бидат запалливи. Умешниот коктел-мајстор ги познава сите трикови на палење на коктел пред да го послужи: дали и колку може истиот да се запали, дали смее, дали и како состојките би реагирале на пламенот итн. Најважно е пред сè, просторот во кој се подготвува коктелот да биде чист, да нема во непосредна близина ниту личност ниту предмет, за да се избегне секаков ризик од евентуални повреди.
  2. Ладење на чашите или нивно замрзнување – Коктел во замрзната чаша изгледа прекрасно. Ладењето или замрзнувањето на чашите влегува во основните вештини на еден коктел-мајстор. Умешноста лежи во препознавање на точниот момент кога чашата е доволно оладена или замрзната за послужување на одреден коктел. Доколку коктел-мајсторот не умее да го погоди тој момент, може да биде дури и опасно, бидејќи стаклото може пукне.
  3. Редење слоеви – Уште познато и како „лебдење на коктело“. Секој врвен коктел-мајстор темелно ги познава состојките на секој коктел, за да може успешно да ги нареди состојките во слоеви. Ова е една од потешките вештини, но е и една од најбараните и најзначајните за оценување на еден коктел-мајстор.

Имате уште точно 15 дена да ги совладате сите овие вештини за VIGOR BARMEN CUP ’17. Веќе се пријавивте, нели? Доколку не сте стигнале, сторете го тоа на овој линк.

Ви посакуваме многу среќа во совладувањето на вештините за топ коктел-мајстор!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

*