Забава со тропски вкусови

Иако денот е многу краток и во вечерните часови температурите знаат да се спуштат прилично ниско, тропската забава не треба да престане.

Викендот што претстои искористете го да се забавувате со најпосакуваната тема: тропска горештина – на вас светли бои, во позадина реге и во рака вкусен коктел на база на рум.

Ние ќе ви помогнеме со најпопуларните тропски коктели, а на вас останува да го соберете најблиските и да уживате.

Painkiller

Состојки:
60, 90, 120ml Key Rum (мерката е по ваша желба)
120ml сок од ананас
30ml сок од портокал
30ml Крем од кокос
цимет

Подготовка:
Сите состојки се ставаат во шејкер, се протресува убаво и се истура во чаша – висока или средно висока. Одозгора се попрскува со цимет. Се украсува со парче ананас.

Caribbean Rum Punch

Состојки:
45ml Key Rum
45ml Бадел Домашен Рум
120ml сок од лимон
120ml сок од портокал
120ml сок од ананас
Гренадин

Подготовка:
Ги ставаме состојките во шеејкер, протресуваме да се измешаат. Во чашата за послужување ставаме прво мраз, па врз него го истураме коктелот. Украсуваме со парче портокал и една цреша.

Frozen Rum Runners

Состојки:
25ml Бадел Домашен Рум
10ml Badel Borovnica
10ml Ликер од банана
60ml сок од портокал
15ml Гренадин
скршен мраз

Подготовка:
Во блендер ги ставаме румот, ликерите, сокот од портокал и мразот. Ги мешаме дури не се иситни мразот убаво. Потоа сипуваме во чаша.

Bahama Mama

Состојки:
15ml Бадел Домашен Рум
15мл Key Rum
15ml Калуа крем
30ml Цеден сок од лимон
90ml сок од ананас

Подготовка:
Сите состојки ги сипуваме една по една во чаша полна со скршен мраз. На крај декорираме со парче ананас или портокал и мала цреша.

Одличен начин да се одржиме во летна форма, нели? 🙂

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

*