Златна торта со рум

Сите благи работи се највкусни кога во себе имаат некој вкусен рум, ликер, џин или водка. Денес ви претставуваме торта со Бадел Домашен. Внесете топлина со аромата на Бадел Домашен и изненадете ги своите сетила со уникатниот спој на благо и рум.

Состојки:

  • 115 грама сецкани ореви
  • 520 грама смеса за торта
  • 100 грама пудинг од ванила
  • 4 јајца
  • 180 милилитри вода
  • 120 милилитри масло
  • 240 милилитри Бадел Домашен
  • 115 грама путер
  • 200 грама шеќер

Подготовка

Во модла за торта/колач сипуваме зејтин и го поросуваме дното со оревите. Во друг сад ги комбинираме смесата за торта и пудингот. Потоа ги додаваме јајцата, 120 милилитри вода, маслото и 120 милилитри рум. Откако ќе се измеша смесата убаво, ја ставаме во тавата врз поросените ореви.

Во претходно загреана рерна печеме 60 минути. Потоа ја вадиме од рерна и оставаме 10-тина минути да се олади. Додека се лади тортата, правиме глазура.

Во тава го ставаме путерот заедно со шеќерот и 60 милилитри вода. На среден оган оставаме да зоврие смесата, и потоа 5 минути мешаме додека врие. Потоа ја тргаме од оган тавата и додаваме 120 милилитри Бадел Домашен. Откако смесата за торта е оладена, одозгра посипуваме полека со глазурата и ја оставаме да се впие убаво во тортата.

Пријатно уживање! 🙂

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

*